Пораката која беше испратена од Твитер профилот на Севиља овој викенд се покажа како точна. Клубот од Андалузија се пошегува и пиша дека клбовите од Англија како да не сакаат да се пласираат во топ четири.
По синоќешниот пораз на Тотнем пред своите фанови, денеска Арсенал загуби кај Лестер со 3-0, а на дербито на Олд Трафорд немаше победник.
Манчестер јунајтед поведе преку Мата во 11. минута а пред крајот на првиот дел Алонсо изедначи по една неспретна реакција на Де Хеа.
Домаќините имаа шанса во судиското надополнување да стигант до цел плен, но Педро расчисти од гол линијата. Драма имаше и на спротвината страна, Игуиан во 97. минута се најде осамен пред Де Хеа, можеше да ги отпише „ѓаволите“ но промаши, па се останува отворено во последните две кола.
За разлика од нив, Манчестер Сити на победата на Ливерпул во петокот одговори со триумф над Барнли и се врати на врвот на табелата. Технологијата на гол линијата им помогна на „граѓаните“ да стигнат до минимален триумф од 0-1 откако по обидот на Агуеро, завибрира часовникот на судијата и алармираше дека топката ја минала гол линијата.