158
Викендов се одигра и последното коло во македонската Прва лига во која Шкендија ја освои титулата, а во последното коло можеби го видовме и голот на сезоната.
Стефан Лазаревиќ во натпреварот против Брера која славеше над дебармаалци со 3-2 и така го избегна баражот постигна прекрасен гол со удар од далечина. Лазаревиќ погоди за намалување на водството на домашниот состав на 2-1.