Рома е петтиот клуб кој потрошил најмногу во овој преоден рок, пред днив се Манчестер сити (127,5 милиони евра), Манчестер јунајтед (125 милиони евра), Челси (115 милиони евра) и Астон Вила (105,6 милиони евра).
Рома потроши 97,7 милиони евра, од нив најмногу отидоа за Абрахам (40 милиони евра), Шомуродов (17,5 милиони евра), Матијас Виња (13 милиони евра), Руи Патрисио (11,5 милиони евра), Ибанез (9 милиони евра) и Брајан Рејнолдс (6,7 милиони евра).
Работите би требало да се променат до крајот на преодниот рок кога ќе се реализираат сите трансфери, но во секој случај ова е поинаков преоден рок.
Пример, меѓу првите пет го нема ПСЖ иако францускиот гигант го има најдобриот преоден рок. Тие потрошија само 60 милиони евра за Хакими, а како слободни играчи ги донесоа Меси, Рамос, Донарума и Вајналдум.
Барселона и Реал Мадрид традиционално беа меѓу најголемите трошаџии, но финансискиот баланс и кај двата клуба е лош, па и тие овојпат делуваа поинаку.