Во Наполи се уште не добиле плата оваа сезона!

by
0 минути читање

Имаше информации за инцидент меѓу тренерот Гатузо и некои фудбалери по поразот од Милан, но сега медиумите пишуваат и за друга непријатност во Наполи.

Ниту еден член на Наполи не добил плата оваа сезона, „Газета дело Спорт“ го открива тоа и пишува дека атмосферата во клубот не е добра.

Клубот ветил дека првата плата ќе ја пушти овие денови со цел да се запази дадениот рок од Фудбалската федерација на Италија, тоа е 1 декември.

Наполи во моментов е на шестото место во Серија А, со 14 бодови од осум натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×