Во Молдавија се местело „на големо“, се ставале влогови од десет до дваесет илјади евра на еден меч

by
1 минути читање

Половина од
клубовите во молдавското фудбалско првенство биле приклучени во лажирање на
натпревари, а засега четири лица се приведени, објавија од агенцијата за
криминалистичко разузнавање на Европската унија, Европол.

„Се верува дека
раководства на клубови, тренери, менаџери, фудбалери и останати посредници се
дел од оваа мрежа“ стои во соопштението од Европол.

Станува збор за
пет, барем засега, од десет клубови во најсилната дивизија во фудбалска
Молдавија кои биле приклучени во криминалната шема за лажирање на натпревари, а
информациите кои пристигнуваат до институциите велат дека во последните пет
месеци околу 20 натпревари биле наместени.

Детали од
истрагата која е во тек не се откриваат, меѓутоа медиумите наведуваат дека
лицата кои биле приклучени во целата таа шема влијаеле на исходот од
натпреварите и ставале влогови во обложувалници низ Азија, а влоговите
достигнувале и од 10,000 до 20,000 евра за поединечен натпревар, а нивната
добивка од таа шема се проценува на 600,000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×