Во Милан нема играч кој е „недоприлив“, клубот би го продал секој за кој ќе дојде добра понуда!

by 24 фудбал
1 минути читање

Раководството на Милан како да ги загуби конците, па по хаотичниот зимски преоден рок, се најавува сличен исход и од летниот.

Делува дека нема играч кој е „недопирлив“ во таборот на Милан, туку секој би добил дозвола да си оди ако дојде вистинската понуда, а тоа е поразително за паднатиот гигант. Тео Хернандез и управата не се договорија околу продолжување на договорот, па клубот бара околу 30 милиони евра за да го пушти (има уште една година од договорот), а во слична ситуација на излезните врати е и голманот Мајк Мењан за кој „росонерите“ би прифатиле 20.

Веќе е договорен трансферот на Тијани Реијндерс во Манчестер Сити за основна сума од 55 милиони евра, плус уште околу 15 низ бонуси.

Сериозно заинтересиран за услугите на Рафаел Леао е Баерн Минхен. Германскиот првак понуди 75 милиони евра плус некој играч, а денес се пишува дека се подготвени да платат и 100. Доколку дојде таква понуда, тешко дека Милан би ја одбил, колку и Леао да сака да остане, а тренерот Алегри го смета за круцијален во тимот.

Последните шпекулации се поврзуваат со Страхиња Павловиќ и потенцијален трансфер во Премиер лигата. За услугите на Србинот заинтересиран е Кристал Палас кој може да плати 30 милиони евра, но наводно Милан побарал барем 40. Со заминување се поврзуваа уште многумина во тимот, практично сите на кои може да се заработи како Томори, Пулишиќ…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани