Во меч со пет гола, Ливерпул го победи Манчестер Сити и се пласираше во финалето од ФА Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул на Вембли ја доби полуфиналната битка против Манчестер Сити откако победи со 3-2, малку фалеше црвените да направат од готово вересија откако имаа водство од 3-0 по првото полувреме.

Ливерпул дојде во водство со гол на Конате со глава уште во деветата минута од натпреварот, а осум минути подоцна Мане искористи една голема грешка на голманот Стефен и зголеми на 2-0.

Пред самиот крај на првото полувреме Мане даде уште еден гол за убедлива предност на Ливерпул од 3-0.

По само две минути игра во второто полувреме Грилиш го намали резултатот на 3-1 и го врати Манчестер Сити во живот.

Но вториот гол за тимот на Пеп Гвардиола дојде во 91. минута преку Бернанрдо Силва, тоа беа конечните 3-2 за Ливерпул.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×