Во меч со лудо прво полувреме Челси и Ливерпул ги поделија бодовите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Возбудувањата почнаа уште во првите секунди од мечот кога Садио Мане по удар со лакт доби само жолт картон, а лесно можеше да му биде покажан и црвен.

Во седмата минута Пулишиќ се најде во ситуација еден на еден со Келехер но голманот на Ливерпул беше поуспешен.

Казната стигна само две минути подоцна кога Мане даде гол за водство на Ливерпул од 1-0, а во 26. минута погоди и Салах за предност од 2-0.

Во 42. минута Ковачиќ постигна прекрасен гол за 1-2, Челси се врати во живот, а само неколку минути подоцна со гол на Пулишиќ успеа и да изедначи на 2-2.

Во второто полувреме немаше погодоци, но имаше неколку убави шанси, Салах и Мане не реализираа за Ливерпул, Пулишиќ промаши за Челси.

Овој резултат најмногу му одговара на Манчестер Сити кој се одлепува на врвот во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×