Во Манчестер
јунајтед се одлучни во намерата да назначат нов тренер пред идната сезона, за
што тврди „Атлетик“, а помеѓу неколкуте кандидати, се чини дека сериозно се
издвојува Луис Енрике.
Оле Гунар Солшер
доби отказ во ноември ланската година, а Ралф Рангник е привремено решение, по
што ќе се пресели на позицијата советник во клубот, по што тренерската позиција
ќе биде празна.
Енрике ја
предводеше Барселона до тројната титула во 2015 година, а го презеде кормилото
на шпанскиот национален фудбалски тим во 2018 година, предводејќи ја „Црвената
фурија“ до полуфиналето од Европското првенство во 2020 година, како и до
финалето од Лигата на нации.
Освен Луис
Енрике, се споменуваат уште и Маурицио Покетино, Ерик тен Хаг, како и Хулен
Лопетеги.