Медиумите блиску до Реал Мадрид велат дека видео технологијата ги фаворизира момците на Ханси Флик и без интервенција на ВАР, „кралевите“ сега ќе биле лидери на табелата со комфорно водство пред Барселона.
ВАР требаше да ги намали спорните моменти на фудбалските терени, но и понатаму има големи контроверзии и негодување на судиските одлуки.
Во пресрет на завршницата од сезоната, во Мадрид направија математика и порачаа дека ВАР ја фаворизира Барселона.
Со помош на видео технологијата, дури 13 спорни моменти завршиле во корист на „каталонците“, рекордна бројка која е изедначена само од Атлетик Билбао. Што се однесува до спорните моменти кои биле против Барса, имало само 6 такви одлки со помош на ВАР, или двојно помалку.
Што се однесува до Реал Мадрид, само 6 спорни моменти завршиле во корист на „кралевите“ и дури 15 против нив. Заедно со Алавес, Реал Мадрид е екипата која е најмногу казнета од видео технологијата.
На актуелната табела, Барселона на шест кола пред крајот има +4 во однос на Реал Мадрид на врвот на табелата.
Но доколку немало ВАР, ситуацијата ќе биде многу поразлична, Реал Мадрид со 76 бода ќе биде лидер на табелата, додека пак Барселона со 68 (8 помалку) ќе биде втора и со мали шанси за титулата.