Во Мадрид „грмант“: Немаше пенал врз Меси, не се покажува на белата точка за вакви стартови (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона синоќа
не блескаше против Леганес но ја заврши работата, победи со 2-0 и повторно
отиде на +5 во однос на Реал Мадрид. Ансу Фати го отвори резултатот во финишот
на првиот дел, а трите бода беа осигурани во 70. минута, кога Лео Меси изнуди
пенал и потоа погоди од белата точка.

Најстрогата казна
беше спорна, гостите се бунеа, се проверуваше и со ВАР, но одлуката остана. Ваквиот
развој на настаните не им се допадна во Мадрид од каде порачуваат дека немало
доволно елементи за најстрога казна и не се покажува на белата точка за таков
старт.

„Ова е фудбал,
немаше ништо. За мене ова не е пенал“
– вели поранешниот судија Итуралде за АС.

„Нема пенал. Да
има контакт, но тој не е доволен да се досуди најстрога казна. Надвор од
теренот можеби може да се досуди прекршок, но во шеснаесетникот нема доволно
елементи за пенал“
– вели поранешниот судија Хуан Андухар Оливер за Марка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×