Во Мадрид фудбал каков што се очекуваше, Атлетико и Арсенал ремизираа со голови од пенали (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Aко вчерашното полуфинале донесе спектакл и многу голови денешното беше спротивно и тоа се очекуваше, а во него немаше и победник Атлетико Мадрид и Арсенал на „Ванда Метрополитано“ ремизираа 1-1.

Натпреварот не понуди премногу прилики, двете екипи од време навреме во првото полувреме знаеја да се заканат. Арсенал го отвори резултатот откако Ѓокереш во самата завршница изнуди пенал и истиот самиот го претвори во гол.

Атлетико во второто полувреме ја презема контролата, Арсенал ретко излегуваше на противничката половина. Конечниот резултат беше поставен во 56-тата минута кога Алварез реалзираше пенал сега за Атлетико.

Најголемата шанса за целосен пресврт ја пропушти Гризман кој по едно нафрлување одлично шутираше, но ја погоди пречката.

Арсенал и покрај тоа што во ова полувреме беше во подредена улога, сепак можеше да добие и втор пенал. Езе падна во шеснаесетникот, главниот судија Макели покажа на белата точка, меѓутоа по реакција од ВАР ја погледна снимката и го поништи пеналот.

По ова реми патникот во финалето ќе се решава во Лондон во вторник за кога е закажан реваншот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×