Во луд меч во Фиренца, Милан првпат загуби оваа сезона во Серија А (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпревар со многу шанси, возбудувања и голови одиграа Фиорентина и Милан, на крај се радуваа домашните навивачи.

Натпреварот тргна лошо за Милан, Фиорентина по првото полувреме водеше со 2-0 со голови на Данкан и Сапонара.

Ситуацијата стана уште полоша за гостите по 15 минути игра во вториот дел, тогаш Влаховиќ погоди за водство од 3-0.

Но, Ибрахимовиќ го врати Милан во живот, за пет минути даде два гола, погоди во 62. и 67. минута и намали на 3-2.

Милан со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но во 86. минута по една катастрофална грешка на Тео Ерандез, Влаховиќ постигна нов гол за водство од 4-2.

Во 96. минута Ибрахимовиќ шутираше, топката ја погоди стативата па го удри Венути кој си постигна автогол за конечни 4-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×