„Црвените“ почнале
да бараат замена за Џини Вајналдум и идентификувале четири имиња. Холанѓанецот
ги одработува последните месеци од договорот, преговорите за продолжување на
соработката подолго време тапкаат во место, се почесто се шпекулира дека тој се пресели во Барселона, па во Ливерпул се помириле дека фудбалерот од средниот ред
заминува.
На радорот на
клубот од Енфилд се Родриго де Паул од Удинезе, Ренато Санчез од Лил, Ивес
Бисума од Брајтон и Флоријан Нојхаус од Борусија Менхенгладбах.
Се говори Јирген
Клоп му има удрено мерак на својот сонародник и преферира да биде купен
Флоријан Нојхаус. Германецот има солидна сезона со седум погодоци и седум
асистенции, но и висока цена, односно откупна клаузула од 40 милиони евра.