229
Атрактивната блондинка
важи за една од најубавите новинарки и ТВ презентерки во светот на фудбалот, каде
и да се појави привлекува внимание a на Инстаграм има 6,6 милиони следбеници.
Очигледно сето
ова ја прави и мета на крадците, кои редовно ги обиваат домовите на фудбалерите
од Серија А.
Синоќа бил ограбен
и апартманот на Дилета Леота во Милано, арамиите си заминале со сеф во кој
имало скапи часовници, прстени, накит и пари. Пленот се проценува на 150.000
евра и полицијата работи на пронаоѓање на сторителите.