Милан, Интер и Наполи водат голема битка за Скудетото, а ниту Јувентус не е многу далеку. Поради изедначеноста секоја судиска грешка се става под лупа, а таа што се случи во Торино беше огромна.
Вината не се гледа само во судијата, туку и во ВАР собата затоа што не му рекоа на главниот судија да ја погледне снимката.
Според „Газета дело Спорт“, Марко Гуида (главниот судија) и Давиде Маса (ВАР судијата) ќе бидат суспендирани најмалку три натпревари.
„Тутоспорт“ го оцени Гуида со оценка 0 од 10. Потенцирајќи дека грешката е недозволива.
Поранешниот судија во Серија А, Касарин беше немилосрден кон своите активни колеги, тој рече: „Дури и двегодишно дете ќе видеше дека тоа е пенал. Не е потребно да сте интернационален судија да го видите тоа“.
„Ако не виде тој во живо, тогаш ВАР мораше да му даде шанса повторно да го види инцидентот. ВАР не смее да биде ставен настрана од овој инцидент. Тоа е потфрлање на системот. Мора да бидат преземени санкции кога судијата на теренот ќе донесе погрешна одлука, а ВАР нема да интервенира“.
„Треба да биде слушната конверзацијата меѓу судијата и ВАР. Фаулот на Ранокија врз Белоти е чист и евидентен“.
Овој голем инцидент можеби и немаше денеска да биде главна вест во Италија доколку Торино го добиеше мечот, но погодокот на Санчез во 93. минута не им го овозможи тоа, па штетата од недосудениот пенал е на тапет.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.