Во Интер се налутија на објавата на Санчез на социјалните мрежи

by
1 минути читање

Во италијанскиот
прволигаш Интер наводно се лути поради објавата на Алексис Санчез на
социјалните мрежи, која потоа беше повлечена од страна на Чилеанецот, меѓутоа
многумина ја регистрираа неговата порака.

„Кога ќе увидиш
на тоа дека вредиш многу, но доколку си на погрешно место, едноставно не можеш
да блеснеш“ напиша 32 годишниот Чилеанец.

„Спортмедијасет“
извести дека особено лут поради објавата на Санчез е директорот на клубот од
Милано, Бепе Марота, а веќе се разгледуваат и опциите на трансфер пазарот за
негова замена.

Се верува дека
Санчез би можел да си замине од Интер уште во јануарскиот преоден рок, иако има
важечки договор со клубот до 2023 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани