Во Фиорентина се надеваат дека Влаховиќ ќе се пресели во Премиерлигата

by
1 минути читање

Се верува дека во
Фиорентина се надеваат дека нивниот 21 годишен напаѓач Душан Влаховиќ ќе се
приклучи на Тотнем или Арсенал, односно Србинот кариерата ќе ја продолжи во
Премиерлигата.

21 годишниот
напаѓач ја одби понудата на „Виолетовите“ за нов договор, односно продолжување
на соработката, а продолжи со импресивните перформанси кои дополнително го
направија интересен кај гигантите на трансфер пазарот.

Дел од медиумите
во Италија наведуваат дека Влаховиќ сепак ќе чека на Јувентус, сценарио кое
наводно Фиорентина посакува да го избегне, а истото е налик на тоа со Федерико
Киеза.

Како и да е, „Тутоспорт“
тврди дека Фиорентина притиска на продажба на Влаховиќ вон Серија А, а во
клубот се надеваат дека Влаховиќ ќе се приклучи на Тотнем или Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани