„Виолетовите“ летото
во 2019 го ангажираа Педро од редовите на Флуминенсе за кого платија околу 11
милиони евра.
Напаѓачот
пристигна како голем талент, но не се изнаигра многу во Фиренца и не може да се
пофали ниту се еден час фудбал. Тој забележа само 4 настапи и на теренот помина
59 минути во дресот на Фиорентина.
Па експресно го
напушти клубот и во јануари 2020 беше позајмен на Фламенго за 1 милион евра.
Назад во Бразил, Педро веднаш покажа што умее, постигна 16 погодоци на 33
натправари, па дури доби и повик од Тите и дебитираше за „кариоките“.
Па Фламенго реши
во целост да го купи играчот и да го направи неговиот престој перманентен за
14-15 милиони евра.
И покрај тоа што
играше малку во Фиорентина, „виолетовите“ успеаја да ќарат некој милион од
неговата продажба.