185
Навивачите на
Евертон налутени по тоа што го разбраа од медиумите дека нивниот омилен клуб
преговара со Рафа Бенитез за нов тренер, ставија јасно дознаење дека се против
таквата идеја.
Вон „Гудисон“
арената беа поставени транспаренти на кои беше пренесена пораката од нивна
страна дека се апсолутно против Бенитез да го преземе кормилото на таа екипа,
откако во минатото тој беше на клупата на лутиот градски ривал Ливерпул.
Помеѓу пораките
упатени до Бенитез, можеа да се забележат и невкусни навреди на адреса на
шпанскиот фудбалски стратег.