151
Неодамна Обамејанг изјави дека во летниот преоден рок треба да замине од Борусија Дортмунд доколку сака да оди чекор напред во кариерата.
Ваквата изјава не им се допадна на луѓето од германскиот тим, па спортскиот директор Михаел Зорк открива дека имале состанок со Обамејанг по неговата изјава.
„Имавме состанок со Обамејанг и го советувавме да ги намали интервјуата во кои зборува за неговите планови на лето и да се фокусира на фудбалот“ – вели спортскиот директор.
„Имаме одличен однос со него, но треба да направиме нешто за да покажеме дека нашиот фокус е на спортскиот аспект од играта“.