„Во чест на Марадона, Меси треба да потпише за Наполи… ќе биде како на филм!“

by
1 минути читање

Диего Армандо
Марадона најдобрите години ги помина во Наполи, во 1986 стана светски шампион
со Аргентина, а во 1987 и 1990 стигна до Скудетото. Тој има статус на Бог во
Неапол, и стадионот во овој град беше именуван по него.

Кевин Принц Боатег
сега излезе со интересен предлог, вели Лео Меси да се пресели во Наполи во
често на Диего Марадона.

„Меси ја
одработува последната година од договорот, колку чудесно ќе биде доколку тој им
се јави на луѓето од Наполи и им каже, „Доаѓам“?“
– вели Боатенг во разговор со
ЕСПН.

„Ќе биде како на
филм. Ќе треба на тренинг да оди со хеликоптер, луѓето од среќа ќе го изедат
жив“.

„Каква ли само
приказна ќе биде тоа, да рече, „Во чест на Марадона, ќе дојдам и ќе играм за Наполи“.
Не само за фудбалот, за целиот свет. Ова ќе биде неверојатна порака, историја.
Колку би сакал сега да бидам на местото на Меси. Веднаш ќе му се јавам на
претседателот на Наполи и ќе му кажам дека доаѓам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×