Екипата на Беса од Добри Дол сепак ќе остане во Втората македонска фудбалска лига со сениорскиот тим, потврдија од клубот.
Пред два дена Беса на социјалните мрежи објави дека го повлекува сениорскиот тим и ќе се фокусира само на младинските категории, сепак во клубот го смениле мислењето и наредната сезона ќе се натпреваруваат во Втората лига.
Единствен кој заминува е главниот спонзор, сепак клубот ќе продолжи да функционира. Ќе потсетиме, Беса сезонава играше бараж за опстанок во друштвото на најдобрите, но загуби од Башкими кој од Втората лига се пласираше во друштвото на најдобрите.
Овој пораз значи и дека една од екипите кои изгубија во баражите за опстанок во Втората лига (Преспа, Горно Коњаре и Осогово) сепак ќе испадне, а тоа ќе биде одлучено со ждрепка.