Манчестер Сити
договори големо засилување за новата сезона, го купи Ерлинг Халанд од Борусија
Дортмунд.
Се верува дека
оваа зделка ќе влијае врз иднината на Габриел Жесус, кој ќе го напушти Етихад во следните месеци.
Арсенал сака да
го ангажира напаѓачот но „топчиите“ се изненадиле кога Манчестер Сити им
побарал 65 милиони евра.
Оваа сума е
поголема од онаа што „граѓаните“ ја платија за услугите на Ерлинг Халанд (60
милиони евра), и во Северен Лондон сметаат дека не е реална проценка на Габриел
Жесус, особено ако се земе во предвид дека тој е под договор до 2023 година и
за 12 месеци може беспари да замине.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.