Во Ајакс гневни на оваа одлука: Имале антитела на ковид-19 и забрането им е да гостуваат во Данска?

by
1 минути читање

Познати се
големите рестрикции во Данска во однос на заштитата од коронавирусот, а сигурно
дека во Ајакс се гневни поради фактот што на Душан Тадиќ, Дејви Класен, како и
голманите Андреа Онана, односно Мартин Стекеленбург не им е дозволено да
патуваат во Данска за пресметката со Митјиланд вечерва во третото коло од
Лигата на шампионите.

Ригорозните
рестрикции во Данска нагласуваат дека се забранува влез на секој кој во блиско
минато бил заболен од ковид-19, или има антитела на вирусот, па така
предводникот од клупата на Ајакс, Тен Хаг видно револтиран од овие случувања.

Навистина не ми
е јасно како може да играат во Холандија или било каде во останатиот дел од
Европа, а не можат во Данска? Ова е чудно, а според мене, истовремено и далеку од ферплеј

рече Тен Хаг на пресконференцијата пред вечерашната пресметка.

Одлуката на
крајот ја донесовме по претходна консултација со УЕФА и куќата на фудбалот во
Холандија, јасно ми е дека секоја држава си има свои правила, а ние летово
имавме 13 фудбалери кои имаа присуство на антитела на вирусот, меѓутоа никој не
беше заболен, ниту почувствувал некаков проблем
“ додаде шефот на стручниот штаб
на Ајакс.

Ајакс во групата
„Д“ од досегашните два меча има едно реми со Аталанта, односно пораз од
Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани