Кристијано
Роналдо минатиот месец се врати на Олд Трафорд и по 12 години повторно го
облече дресот на „ѓаволите“.
За Ричард Екерсли
сето ова е прилчно лудо, со оглед на тоа дека тој во 2009 имаше прилка да игра
со ЦР7, и додека Португалецот се уште прикажува партии на највиското ниво, тој со
години е надвор од светот на фудбалот, има сопствен бизнис и произведува млеко
од овес.
„Постојано мислам
на ова“ – вели Ришард Екерсли, кој последниот натпревар го одигра во 2015 во
дресот на Олдам и стави крај на кариерата на 26 години.
„Роналдо се врати
во Манчестер јунајтед, а кога последен пат беше таму, и јас бев дел од клубот.
Тренерив со него. Тој се уште игра фудбал а јас произведувам млеко и сум
сопственик на продавница. Ова е прилично лудо“.
„Но не би го
заменил животот. Навистина сум среќен. Во мои раце ја имам сопствената судбина
и тоа за мене е бесценето“.
Ришард Екерсли во
2009 дебитираше за првиот тим на Манчестер јунајтед, но истата година го
напушти клубот откако не доби нов договор. Имаше и авантура во САД, по која
решил да стане веган. По
крајот на кариерата, тој почнува бизнис, отвара продавница за храна со нула-отпад
а подоцна почнува и со производство на млеко од овес.