Влезе во игра, даде гол за победа и излезе, Палмеирас прв четвртфиналист на СПК (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Палмеирас ја доби бразилската пресметка против Ботафого во Феладелфија, со голот на Паулињо славеше со 1-0 и се пласираше во четвртфинале на Светското клупско првенство.

Палмеирас е првиот четвртфиналист на Светското клупско првенство, момците на Абел Ферира во Филаделфија славеа во бразлиската пресметка против Ботафого со 1-0.

На теренот имаше многу борба но малку шанси, а одлучавачкиот момент се случи во 100. минута, кога Паулињо со прецизен шут по земја ја затресе мрежата.

Фудбалерот влезе во игра во второто полувреме и беше заменет веднаш по голот, но иако не помина многу време на теренот, го направи најзначајното – го однесе Палмеирас во следната рунда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×