Влашиќ одново во Премиерлигата, овој пат во Вест Хем

by
1 минути читање

Вест Хем го
комплетираше трансферот на Никола Влашиќ од ЦСКА Москва со тоа што на рускиот
клуб ќе му исплати обештетување во висина од 26 милиони фунти, а дополнително и
9 милиони фунти во бонуси.

23 годишниот
плејмејкер се обврза на верност со „Чеканите“ до 2026 година, а во истиот
договор ќе има и опција за дополнителни 12 месеци.

Среќен сум што
успеавме да го доведеме Влашиќ во нашиот тим, го следев изминативе неколку
сезони, постигнуваше погодоци, асистираше, а исто така има искуство зад себе на
свои 23 години, чувствувам дека претстои уште многу од него во иднина
“ рече
шефот на стручниот штаб на Вест Хем, Дејвид Мојс.

За Влашиќ ова
нема да биде прво искуство во Премиерлигата, откако претходно беше дел од
Евертон по трансферот во летото 2017 година за сума од околу 8 милиони фунти од
Хајдук, но успеа да запише само 19 настапи за „Карамелите“, па иако го
импресионираше Роналд Куман, не успеа да се наметне кај Сем Алардајс, по што си
замина
идната
година на позајмица во ЦСКА Москва, каде и целосно премина во 2019 година.

Влашиќ во дресот
на ЦСКА Москва запиша 61 настап, а остави одличен впечаток откако постигна 23
погодоци, но и 20 асистенции. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×