Влаховиќ знае каде сака да ја продолжи кариерата, веќе се договорил со новиот клуб?!

by
1 минути читање

Фабрицио Романо разговараше со навивачите на Арсенал, говореше за неколку имиња кои се поврзуваат со „топчиите“ и откри интересна приказна поврзана со Душан Влаховиќ, кој во моментов е еден од најбараните напаѓачи во Европа.

„Приказната со Душен Влаховиќ е чудна. Арсенал е сериозно заинтересиран за момчето но кога е во прашање играчот и тоа што тој сака… работите за кои се пишуваше неодамна се точни. Агентите и фудбалерот не му одговараат на Арсенал, не сакаат да кренат телефон“ – вели добро упатениот новинар.

„Но не е проблемот само Арсенал. Во Фиорентина мислат дека момчето веќе се има договорено со топ клуб, но не знаат за кој клуб станува збор и чекаат да видат што ќе се случи“.

„Арсенал стапи во контакт со Фиорентина, праша колку треба да плати за услугите на Душан Влаховиќ во јануари и одговорот беше 70 милиони евра. Но фудбалерот и неговите агенти не сакаат да разговораат“.

„Пак ќе повторам, не е само Арсенал. Слично беше и минатото лето кога во контакт со Фиорентина стапија и Тотнем и Атлетико Мадрид“.

Останува да се види кој е овој мистериозен клуб, се говори дека Душан Влаховиќ преферира трансфер во Јувентус, оваа недела имаше стории кои велеа дека „старата дама“ во јануари ќе понуди 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×