Душан Влаховиќ има одличен старт во Јувентус, два натпревари, два гола.
„Потребно е уште време, ова е само старт. Им должам на моите соиграчи, тренерот и клубот кои ми помогнаа многу. Ништо немаше да е возможно без нив, чест ми е да играм тука, ова е фантастичен тим“, вели Влаховиќ.
„Се дружам со Дибала и Алваро и надвор од теренот, тоа се одлични момци кои освоиле многу. Јас сум тука да учам и да кренам ново ниво“.
Влаховиќ ќе треба да игра против Фиорентина во полуфиналето, ќе оди во Фиренца каде што нема да го очекува топло добредојде. Но Србинот вели дека тоа не го интересира.
„Размислувам само на мечот, да победам, друго не ме интересира. Тоа ќе биде меч како и секој друг. Ние одиме да играме фудбал и тоа не е проблем за мене“.