Влаховиќ во Јувентус е лоша вест за Дибала

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Фиорентина, напаѓачот Душан Влаховиќ силно се поврзува со трансфер во Јувентус,
а тоа во Италија го наведуваат како лоша вест за Пауло Дибала кој во една таква
ситуација би си заминал во клубот.

„Газета дело
Спорт“ пишува дека агентите на Влаховиќ и Јувентус веќе си подале рака за
договор со кој Србинот би заработувал 7 милиони евра по сезона, а самиот
фудбалер е отворен за идејата да се приклучи на „Старата дама“.

Преговорите
помеѓу Фиорентина и Јувентус се уште не се започнати, меѓутоа во Италија
наведуваат дека клубот од Торино инсистира на тоа овој трансфер да го реализира
уште овој месец.

Се поизвесно е
дека доаѓањето на Влаховиќ ќе значи дека на Дибала и останати фудбалери на
Јувентус ќе им биде понудена помала плата од актуелната за да останат во
Торино, иако се шпекулираше дека Аргентинецот веќе се договорил за нов договор
со „Бјанконерите“ со годишна плата од 10 милиони евра, сума која Јувентус не би
можел да си ја дозволи повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×