Влаховиќ стави потпис на договорот, Бешикташ ја откри платата на Србинот

by bojan
1 минути читање
Влаховиќ промовиран како нов играч на Бешикташ, стави потпис на тригодишен договор

Душан Влаховиќ го комплетираше трансферот во Бешикташ, напаѓачот попладнево стави потпис на тригодишен договор.

Заврши трансфер сагата на Душан Влаховиќ, Србинот е нов член на Бешикташ, денеска се обврза кон „бело-црните“ од Истанбул до 2029.

Бешикташ ја откри и платата на напаѓачот, тој во следните три години ќе има загарантирана плата од 7,5 милиони евра по сезона.

Претходно, медиумите пишуваа дека Душан Влаховиќ во Истанбул ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона сосе бонуси, а ќе бидат поделени и 10 милиони евра за потпис и провизии за агентите.

Сепак, Бешикташ не откри детали за овој дел од зделката.

ФОТО: X/Beşiktaş JK

Можно е и ова да ти се допаѓа

×