Голем ден за
Душан Влаховиќ, Србинот пристигна во Торино да го комплетира трансферот во
Јувентус вреден околу 75 милиони евра, и да стави потпис на четири ипол годишна
соработка со „старата дама“ за плата од 7 милиони евра по сезона.
Напаѓачот во 9:45
часот се појави во „Ј Медикал“ на редовни лекарски прегледи и сега само прашање
на време е кога ќе пристигне официјална потврда.
Со сумата од 75
милиони евра, Душан Влаховиќ ќе стане најскапиот трансфер во Италија кога е во
прашање зимскиот преоден рок, и третиот најскап трансфер во светот. Побогати
трансфери во јануари месец имаат направено само Филипе Кутињо и Вирџил ван Дајк.
br>Dusan pic.twitter.com/FDilzxMvEt
— JuventusFC (@juventusfc) January 28, 2022