213
Претседателот на Бешикташ, Сердар Адали потврди дека клубот работи на ангажман на Душан Влаховиќ.
Влаховиќ би можел и во новата сезона да ја носи црно-белата боја, но овојпат тоа би бил дресот на Бешикташ.
„Работиме на тоа“, кратко изјави претседателот Сердар Адали.
За разлика од ситуацијата со Влаховиќ, тој негираше дека се обидуваат да го купат Брахим Дијаз.
„Не работиме на трансфер на Брахим Дијаз“, кажа претседателот.