Влаховиќ: Ова беше важна победа, одиме чекор по чекор

by
1 минути читање

По само 13 минути игра од мечот, Влаховиќ даде убав гол и донесе водство на Јувентус. Скапото засилување веднаш почна да дава допринос за победи на тимот.

„Многу важно беше да се добие овој меч бидејќи секогаш е тешко по репрезентативна пауза, особено психолошки“, вели Влаховиќ.

„Имавме вистински пристап од самиот старт и дојдовме до победата“.

„Морам да се заблагодарам на моите соиграчи и тренерот кои ми помогнаа многу во изминатите денови. Се обидувам колку што е можно побрзо да сфатам како функционираат тука работите. Давам се од себе“.

„За напаѓач најважно е да постигнува голови, но сакам да ја подобрам играта генерално и да му помогнам на тимот колку што е можно повеќе“.

„Тренерот ми кажа да останам смирен, да не чувствувам анксиозност, и сето тоа одеше добро“.

„Целите на Јуве секогаш се највиски. Кога Јувентус ќе стартува некое натпреварување целта е да го освој. Тука сум за да дадам мој придонес, одиме чекор по чекор и ќе видиме како ќе заврши сезоната“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×