341
Група навивачи на
Фиорентина упатија низа навреди кон 21 годишниот напаѓач на тој клуб, Душан
Влаховиќ, и тоа на првиот меч на Србинот по коментарите на првиот човек на
клубот дека напаѓачот нема да потпише нов договор.
Навивачите на
Фиорентина го искажаа својот револт кон фудбалерите за очајните перформанси на
гостувањето кај Венеција, а особено го вперија прстот токму кон Влаховиќ кој се
вклопи во сивилото на тимот.
Актуелниот
договор на Влаховиќ со Фиорентина истекува во 2023 година, а Србинот е еден од
најбараните фудбалери на европскиот трансфер пазар во моментов.