66
Веќе се познати
четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, а освен тоа, ждрепката во Нион
каде топчињата ги извлекуваше поранешниот турски фудбалер и амбасадор за
овосезонското финале во Истанбул, Хамит Алтинтоп, ја донесе и разврската околу
тоа кој со кого може да врсти на патот до големото финале.
Во полуфиналната
фаза победникот од двомечот помеѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд ќе се
соочи со подобриот од Баерн Минхен – ПСЖ.
Другата
полуфинална пресметка ќе ја сочинуваат победникот од двомечот помеѓу Реал
Мадрид и Ливерпул, односно Порто и Челси.