Во изминатата декада дури 29 фудбалери на Челси заиграа за Витесе. Англискиот клуб купуваше фудбалери и ги праќање на позајмица таму, дел од нив не ни заигруваа за Челси, туку откако ќе се промовираа во Витесе беа продавани на други клубови.
Јоханес Спорс негира дека тие се сателит клуб на Челси, вели дека едноставно имаат добра соработка со сините поради добрата релација на газдите на клубовите.
„Сопствениците се знаат добро и тоа е појдовната точка. Од таму доаѓа се. Искрено нема многу повеќе од тоа. Имаме добар однос“, вели Спорс.
„Јас имам добар контакт со Петр Чех веќе некое време. Споделуваме некои размислувања, разговараме за фудбал, за нивните играчи и нашите играчи. Има добра кокмуникација. Искрено мислам дека имам многу вакви конверзации и со други големи клубови“.
„Сите знаа дека ние не сме сателит клуб на Челси, нема такви договори, туку едноставно се работи за соработка меѓу клубовите и Витесе е многу среќен со тоа“.
„Добро е да сте блиски со клуб како Челсии и да разменувате мислења. Навистина требаше да се бориме со други клубови да го добиеме напаѓачот на Челси, Армандо Броха, не е баш така пример јас го сакам Броха и Челси ќе рече, во ред еве ви го. Не, навистина требаше да се потрудам за да го добијам“.
Броха беше најдобриот напаѓач во академијата на Челси минатата сезона, во август тој отиде на едногодишна позајмица во Витесе и стана 29 фудбалер кој од лондонскиот клуб отиде таму.
Еден од најпознатите играчи на Челси во последно време кој беше во Витесе, е Мејсон Маунт.