Вистинска драма се одвивала во домот на Ди Мариа во текот на мечот со Нант

by
1 минути читање

Фудбалерот на
ПСЖ, Анхел Ди Мариа беше повлечен од игра на синоќешниот меч во 62 минута во поразот од Нант на домашен терен со 1-2 откако спортскиот директор Леонардо од трибините сугестираше до Маурицио
Покетино да повлече таков потег, а веста за причината за тој потег дојде како
голем шок за францускиот клуб и самиот фудбалер.

Домот на
Аргентинецот синоќа бил мета на крадци кои „оперирале“ за време на мечот на
фудбалерот со Нант, а како што објавија француските медиуми, вистинска драма се
одвивала во неговиот дом, во кој било и неговото семејство, па дури настанала и заложничка драма.

По излегување од
теренот Покетино му ја соопштил веста на Ди Мариа, по што овој веднаш се упатил
кон неговиот дом, каде кражбата станала дури и насилна, но засега нема детали
овој овој настан, но се верува дека освен Ди Мариа ограбен во својот дом бил
уште еден фудбалер на ПСЖ синоќа, но неговото име засега останува непознато.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани