Реал Мадрид режираше
три големи кам-бека во Лигата на шампиони, пртов ПСЖ, Челси и и Манчестер Сити
и се избори за ново финале во најелитното европско натпреварување.
Имаше многу
коментари за тоа каков е менталитетот на „кралевите“ кога е во прашање Лигата
на шампионите a легандарниот
Тјери Анри излезе со изјава која за кратко време стана вирална.
„Сите во Европа
се плашат од Реал Мадрид… а Реал Мадрид се плаши од Барселона“ – вели Французинот,
кој три години беше дел од „каталонците“ и играше во тимот под водство на Пеп
Гвардиола за кој многумина веруваат дека е најдобар во историјата.
Запрашан за тоа
кој е фаворит во финалето кое ќе се игра во Париз на 28. мај, Тјери Анри вели:
„Лично јас, мислам дека Ливерпул ќе ја освои Лигата на шампиони. Тие се посилни
од Реал Мадрид“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.