Винисиус Жуниор денеска треба да се појави во кампот на Реал Мадрид и да почне разговори со надлежните околу решавање на прашањето за неговата иднина.
Фудбалерот има уште една година од актуелниот договор со Реал Мадрид. Според информациите на медиумите, тој не сака да ја прифати последната понуда на клубот за продолжување на соработката, но не сака ниту да си оди.
Реал Мадрид сака да го задржи Винисиус, тој сака да остане на Бернабеу, па се верува дека на крајот ќе биде најден заеднички јазик.
Според најавите на медиумите, Винисиус најпрво ќе има состанок со Жозе Мурињо, а потоа со раководството на Реал Мадрид.
Арсенал будно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира со мега понуда, но засега желбата на топчиите е далеку од реализација иако ништо не е отфрлено.
Како и да е, во наредните денови работите околу Винисиус Жуниор ќе станат многу појасни.
🚨💣 JUST IN: Vini Jr. has ARRIVED at Real Madrid City. @lejournaldureal pic.twitter.com/FgJKut2ir5
— Madrid Zone (@theMadridZone) August 3, 2026