Винисиус Жуниор
игра во животна форма, а Бразилецот преферира да остане во Реал Мадрид на
подолг рок, барем така јавно просведочи за своите планови во иднина, а запрашан
за неговата цена на трансфер пазарот, тој беше категоричен во одговорот.
„Подобро да не ми
ставате цени на мене, подобро е да останам тука во Реал Мадрид“ рече Винисиус.
„Треба да
продолжам да играм во овој клуб, да бидам секогаш на високо ниво, а доколку
продолжам со оваа форма, на добар пат би бил, а главната цел ми е да победувам
со овој тим, но и да освојувам титули“ додаде Бразилецот.
Винисиус има
одлична сезона засега каде веќе успеа да постигне 12 погодоци, но и да
реализира 7 асистенции во 22 меча за „Кралевите“ во сите конкуренции.