Винисиус не сака да „заглави“ во Саудиска Арабија ниту за 1 милијарда евра, Бразилецот ќе потпише нов договор

by bojan
1 минути читање
Винисиус Жуниор

Неколку извори пренесуваат дека Винисиус Жуниор во следндите месеци ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид според кој ќе остане на „Бернабеу“ до 2029 или 2030 година.

Винисиус Жуниор имаше неверојатна понуда од Саудиска Арабија тешка 1 милијарда евра, и доколку ја прифатеше, ќе требаше да помине пет години на Блискиот Исток.

Парите беа прилично примамливи, но Бразилецот не сака да „заглави“ во Саудиска Арабија во најубавиот дел од својата кариера па приоритет им даде на преговорите со Реал Мадрид за нова соработка.

Утрово Кадена Сер објави дека двете страни начелно си подале рака и останува да се испеглаат уште неколку детали.

Веста за новиот договор на Винисиус Жуниор потоа ја потврди и Марка, како и добро упатениот новинар Фабрицио Романо.

За верноста, Бразилецот ќе биде награден со зголемена плата, но во моментов нема повеќе информации околу финансискиот дел, еден период се шпекулираше дека Винисис Жуниор бара да има поголема плата од Килијан Мбапе.

Новата соработка се очекува да трае до 2030 година, или пак до 2029 со опција за додатни 12 месеци, а официјалната потврда ќе пристигне во следните месеци, односно на крајот од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани