Во новиот документарец на „Нетфликс“ посветен на бразилската фудбалска ѕвезда Винисиус Жуниор, напаѓачот на Реал Мадрид признава уште размислува за поразот од Хрватска на Светското првенство во 2022 година во Катар.
Бразилците тогаш беа елиминирани во четвртфиналето по пенал-драма, откако натпреварот заврши 1-1 по продолженијата. Хрватска, предводена од фантастичниот Доминик Ливаковиќ се радуваше на победата по подоброто изведување на пенали.
Во документарецот, Винисиус отворено го критикува тогашниот селектор Тите, обвинувајќи го дека направил сериозна тактичка грешка по водечкиот гол на Нејмар.
„Требаше да го замени Нејмар и на негово место да внесе стопер, Бремер. Со тоа ќе ја „заклучеше куќата“. Со само таа измена, плус уште една подоцна, ќе добиевме барем две минути, доволно да ја задржиме предноста и да победим“, зборува во еден дел од филмот Бразилецот.
Иронијата е што токму тој беше заменет во 64. минута, а на негово место влезе Родриго. Таа замена на крајот се покажа како недоволна за да се спречи хрватска да се врати во игра.