Винисиус Жуниор
беше една од главните ѕвезди на Реал Мадрид во победата на гости кај лутиот
ривал Барселона со 1-2, со тоа што Бразилецот запиша одлични перформанси зад
своето име на големото дерби.
Како и да е,
поранешниот скаут на Барселона за Бразил, Андре Кјури откри дека Винисиус бил
мошне близу до потпис со Каталонците, а се’ се променило за час, подвлече дека крилниот напаѓач бил голем навивач на клубот од „Камп Ноу“.
„Винисиус е
навивач на Барселона, ама вистински навивач“ рече Кјури за „Кадена Сер“.
„Тој плачеше кога
Барселона направи неверојатен камбек против ПСЖ, кога победија со 6-1“ додаде
тој.
„Винисиус беше
подготвен да потпише за Барселона, неговите двајца агенти беа мои блиски
пријатели, но, во последен момент тие ме предадоа мене, но и самиот клуб, од
2017 година па наваму ние не разговараме воопшто“ заклучи Кјури.