25
Винисиус Жуниор со два гола беше најзаслужен за победата на Бразил од 3-0 против Шкотска, со која „кариоките“ обезбедија место во нокаут-фазата на Светското првенство.
По натпреварот, бразилскиот ас откри дека пред мечот се обложил со Карло Анчелоти околу погодок со глава, а успеал да го добие облогот.
„Му ветив дека ќе постигнам гол со глава, а тој ми кажа дека такво нешто е невозможно и дека ќе ми даде подарок ако успеам“, откри Винисиус.
Бразил со оваа победа го освои првото место во групата Ц со седум бодови, пред Мароко поради подобрата гол-разлика.