Вини прави проблеми и надвор од терените, го тужеле соседите поради забава во Бразил

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор повторно е во центарот на скандал, овојпат поради гласна забава што ја организирал во својата татковина Бразил.

Соседите го тужеле откако неговата роденденска прослава во Рио де Жанеиро прераснала во вистинска бучава што траела два дена, од 19 јули до раните утрински часови на 21. Забавата се одржала на луксузен имот познат по големи настани, но жителите на околните куќи се пожалиле дека не можеле да спијат поради непрекинатата музика и галама.

Бразилските медиуми пренесуваат дека првото рочиште е закажано за 6 декември, а случајот ќе го разгледува посебен казнен суд задолжен за помали прекршоци. Според бразилскиот закон, ваквото нарушување на јавниот ред може да резултира со парична казна или со затворска казна до 15 дена.

Фудбалерот засега не се огласил по повод тужбата, но случајот повторно го поставува под непожелно внимание во јавноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×