Доколку се
вратиме десет години наназад тешко дека некој би предвидел вакво сценарио во
случајот со 29 годишниот Џек Вилшир, кој во Арсенал важеше за фудбалер кому му
се предвидува блескава иднина.
Ова лето
фудбалерот од средниот ред е слободен на трансфер пазарот откако беше ослободен
од обврските кон Борнмут, а говорејќи во интервјуто за „Атлетик“ тој откри и
често поставувано прашање од неговиот син за неговата кариера.
„Моите деца се во
години каде веќе ги разбираат околностите, случувањата, особено деветгодишниот
Арчи, кој постојано разговара со мене, а често ме прашува: ‘Што се случува со МЛС? Зошто не играш во
Ла Лига?’“ вели Вилшир.
„Тој го сака
фудбалот, знае се’ за оваа
игра, а мене ми е исклучително тешко да му ја објаснам мојата ситуација, на момент
ќе ми каже: ‘Зошто ниту еден
клуб не те посакува?’ Едноставно
немам идеја како да му го објаснам сето тоа, а особено е тешко кога ќе го
прашаат неговите другари на училиште дали твојот татко не е доволно добар за да
игра фудбал, тоа е навистина тешко…“ додаде Англичанецот.