154
Џек Вилшер се обидува да му се врати на фудбалот, тренира со Арсенал, па се шпекулираше дека би можел да потпише договор со неговиот поранешен клуб и да добие шанса.
Но таквиот негов статус се уште трае, тој нема потпишано договор и неговата иднина е неизвесна.
„Бидејќи тренерот не сака да потпишам“, одговори Вилшер на прашањето зошто не потпишал за Арсенал.
Потоа беше прашан дали се уште има шанса да потпише, тој одговори: „Не знам. Јас сакам да бидам играч на Арсенал. Но немам контрола на тоа“.