Виљареал со предност против Манчестер јунајтед по првото полувреме (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Виљареал има
водство од 1-0 над Манчестер јунајтед по првите 45 минути игра во големото
финале од Лига Европа кое вечерва се игра во Гдањск, Полска.

Морено во 29
минута го отвори мечот на резултатски план во корист на шпанскиот прволигаш кој
одигра доста цврсто против фаворитот кој не успеа да ја искористи доминацијата
во однос на поседот на топката.

Што се однесува
пак до стрелецот на водечкиот гол за Виљареал, Морено е десетиот фудбалер од
топ петте првенства во Европа кој стигнал до 30 погодоци оваа сезона во сите
конкуренции, тој на 45 меча освен што постигна 30 погодоци, запиша и бројка од
десет асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани